Странците ќе го напишат Изборниот законик ако нема договор од партиите?

by Фокус

За денеска во 17 часот се закажни преговорите на политичките партии за Изборниот законк. Иако рокот е пробиен, а очекувањата се дека вечерва ќе се постигне консензус, сепак рововските позиции на власта и опозицијата и натаму се актуелни.

Работните групи ќе се состанат во Клубот на пратениците и се очекуваат маратонски надмудрувања. Некои информации зборуваат дека по непостигнување на договор пред два дена странските олеснувачи се налутиле па дури и укажале дека тие ќе го напишат законот ако партиите не ги усогласат ставовите.

Спорни се неколку клучни точки кои може и денеска да ги одолговлечат преговорите. Дали и како ќе гласа дијаспората? Како ќе се прочисти изборниот список? Како ќе се рекламираат партиите и дали медиумите ќе спонзорират кампања? Како ќе работи ДИК?

Прашањето со Изборниот законик ќе мора да се надмине за да можат партиите да продолжат со реализација на договорот од Пржино. Допрва следуваат тешки и важни компромиси на партиите, особено околу министерските кадри и повлекувањето на Груевски.

Поврзани новости