Апелација се уште се мисли дали „бомбите“ на Заев се докази или не

by fokus 11:28
11:28

Апелациониот суд се уште нема донесено одлука по жалбите на обвинителите, кои уште пред еден месец ја обжалија одлуката на Кривичниот суд како докази од  предметите, против неколку владини функционери, да се се издвојат снимките од незаконското прислушување.

Судијата Сафет Кадриу не информираше дека одлуката најверојатно ќе биде донесена наредната недела, бидејќи денеска претседателката на судот била на службен пат. Сепак, останува нејасно, дали воопшто ќе се донесе оваа одлука, бидејќи по изборот на специјаланата обвинителка Катица Јанева, овие предмети од скопското јавно обвинителство, треба да преминат во нејзини раце.

- Advertisements -

До второстепениот суд беа поднесени 21 жалба, откако судијата на претходна постапка Славјанка Јанкоска донесе одлука со која се тврди дека снимките се обезбедени на незаконит начин, бидејќи не биле обезбедени со употреба на посебни истражни мерки, па затоа не можеле да се користат како докази.

Ако се земе предвид дека има вкупно 27 предмети кои се однесуваат на прислушувањето, тогаш со бројката од 21 жалба се потврдува дека поголем дел од обвинителите се против обидот на судот пред нив да истрча со оценка за случајот.

Во јавноста се појави и шпекулација дека дел од Апелационите судии сакале да се прогласат за ненадлежни за одлучување по жалбите. Оваа дилема се појави и откако Кривичниот суд го објави соопштението со кое ја објаснуваше надлежноста на судијката на претходна постапка да постапува, бидејќи се појавија реакции дека Јанкоска немала надлежност да постапува бидејќи предметите се уште не се во истрага. Судот се повика на неколку членови, а во еден од нив е наведено дека по жалбите од донесеното решение одлучува совет на Кривичниот суд, а според друг, Апелациониот суд. Па така, Основниот суд Скопје 1 одлуката на судијата на претходна постапка ја правда посочувајќи неколку членови од Законот за кривична постапка, меѓу кои и член 93 и 290. Во членот 93 се наведува дека е дозволена жалба по која одлучува повисок суд, во случајот Апелација, но во член 290 е наведено дека е дозволена жалба до совет составен од тројца судии на Кривичниот суд.

 

 

Поврзани новости