Кинескиот народ никогаш нема да им дозволи на странските сили да го потиснат или малтретираат, рече Си Џинпинг, генерален секретар на Централниот комитет на ККП и претседател на Народна Република Кина во говорот по повод 100-годишнината од постоењето на Кинеската комунистичка партија (ККП).
-Секој кој ќе се осмели да го проба тоа, крваво ќе удри во челичниот ѕид кој го исковаа над 1,4 милијарди Кинези“, кажа тој, предизвикувајќи аплауз од насобраните на плоштадот во Пекинг.
Тој порача дека мора да ја направат Народноослободителната армија на Кина (НОАК) една од најсилните вооружени сили на светот за заштита на националните интереси на Кина.
-НОАК мора да се претвори во вооружена сила од светска класа со уште поголеми можности за да може со сигурност да ги брани суверенитетот, безбедноста и интересите за развојот на земјата, рече шефот на кинеската држава.
Според претседателот Џинпинг, Кина ќе учи од позитивното искуство на другите земји, но нема да прифати „арогантни учења“..
-Ние сакаме да учиме од достигнувањата на другите култури и да поздравуваме корисни предлози и добронамерни критики. Меѓутоа, ние ги отфрламе арогантните учења на оние кои се преправаат дека се ментори, рече тој.
Си Џинпинг јасно кажа дека ерата на националното понижување и наметнување туѓа волја за Кина е минато.
-По триумфот на Новата демократска револуција, заврши ерата на полуколонијалното и полуфеудалното општество во стара Кина, на ерата на слободно течешки песок. Тоа стави крај на времето кога светските сили наметнаува нееднакви договори за Кина и империјалистите тука имаа ексклузивни права, рече тој.
ККП е основана за време на подемот на револуционерното движење, заснована врз идеите на марксизмот-ленинизмот; првиот конгрес нелегално се одржа од 23 јули до 5 август 1921 година. Почна во Шангај и заврши кај езерото Нанху во областа Џиасинг, каде учесниците беа принудени да се преселат откако властите дознаа за настанот. На оваа клучна средба присуствуваа 13 лица, вклучувајќи го и идниот кинески лидер Мао Це Тунг (1893-1976) и двајца странски претставници на Коминтерната. Делегатите потоа го одредуваат официјалното име на партијата и ја усвојуваат нејзината прва програма.