Странските посредници имале одвоена средба со ДПМНЕ за Специјалниот обвинител

by Фокус

Претставници на четирите најголеми партии и амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав и европскиот експерт Питер Ванхојте денеска ги прават последните напори за избор на Специјален обвинител во договорениот рок. Доколку утре не се избере  Обвинителот, Договорот од Пржино ќе биде прекршен.

Странските посредници во преговорите попладнево имале одвоена средба со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и заедничка со сите четири партии. Се уште не можат да се договорат за законската рамка со која ќе се уреди фукнционирањето на Специјалниот обвинител и за неговата автономија. Договорено е тој да има помошници, но не е договорено колкав ќе биде нивниот број и како ќе се бираат.

Паралелно со преговорите за законските измени со кои ќе се регулира работата на Специјалниот обвинител, се преговара и за можни имиња. Партиите доставиле свои предлози, но ниту еден не е прифатлив за сите страни. Преговориите продолжуваат и вечерва.

Поврзани новости