614
На фестивалот на забавна музика „Макфест“, кој е финансиран од Министерството за култура, странските пејачи оваа година ќе допатуваат во Штип на сопствен трошок.
Ова го најави денеска директорот Љупчо Мирковски во пресрет на првата вечер од фестивалот.
– Седумте странски пејачи имаат голема желба да настапат на „Макфест“ и се согласија да допатуваат на свој трошок. Меѓу нив е и Хелена Благне од Словенија, која е победничка на фестивалот и оваа година ќе има своја шоу-програма – изјави Мирковски.
Странските заедно со 23 македонски пејачи ќе се борат за награден фонд од 22.000 евра. Првата награда е 10.000 евра, втората 7.500 и третата 5000 евра.