Kако да постапите ако ве приведат за фрлање боја

by fokus

Адвокатот Александар Тортевски советува како да се одбраните ако ве приведат за учество во Шарената револуција.

-Ако ве приведат за фрлање боја. Кажете дека сте фрлиле, но сте сакале да утнете и дека сте промашиле.Тие треба да докажат која флека е ваша- саркастичен е Тортевски на Твитер.

Поттикнат  од судскиот процес и паричните казни против неколкумина демонстранти за учество во Шарената револуција, адвокатот пред неколку дена предложи и  да се отвори жиро сметка на која граѓаните ќе можат да донираат средства за судските казни за демонстрантите.

„Можеби најдобро ќе биде таа сметка да ја отвори движењето ’Протестирам’ и да има некаква контрола за да се знае кој колку пари уплатил на сметката и како после тие пари се користат. Еве јас се нафаќам да бидам првиот што на таа сметка ќе стави донација со цел да покажеме дека не се плашиме од власта, дека сме солидарни и дека ниту еден демонстрант нема да биде оставен на цедило’, порача Тортевски.

Поврзани новости