541
Откако порача дека ја затвора темата за уставни измени, истакнувајќи дека нема да ги прифати под овие услови, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека дипломати и претставници на странски земји го прашувале зошто не попушти пред барањата на Бугарија.
-Дојдете да видите кои се нашите борби и кои се нашите страдања. Да ја разберете нашата историја и да го чуете народот што мисли и како лелека. Има и такви кои велат дека ниту една земја не се изгубила на патот кон интеграцијата. Дојдете господа во Македонија! Дојдете да видите дека ниту една друга држава не го отстапила својот идентитет, јазик и име како што тоа го направи оваа држава – рече Мицкоски во вечерашното обраќање по повод 33 години од ВМРО-ДПМНЕ.