Странска државјанка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

by Fokus

Безживотно тело на млада жена било пронајдено синоќа на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово.

Според информациите од косовската полиција, кои ги пренесуваат тамошните медиуми, телото било пронајдено на патот кој ги поврзува Приштина со границата со Северна Македонија кај „Генерал Јанковиќ“.

„Службеници со полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележале безживотното тело на едно лице кое било на лентата за принудно запирање на возилата. Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска државјанка, е без знаци на живот“, се вели во соопштението од косовската полиција.

 

Поврзани новости