Стоун, советникот на Трамп, прогласен е за виновен за неколку кривични дела

by fokus

Порота на федерален суд во Вашингтон синоќа го прогласи за винован републиканецот Роџер Стоун, поранешен советник на претседателот Доналд Трамп, за лажно сведочење, попречување на правдата и притисок врз сведоци.

Стоун ја призна вината по седум точки од обвинението, како давање лажни искази на сослушување на Одборот за разузнавање при Претставничкиот дом, попречување на правдата и влијание врз сведоци.

Тој беше уапсен на почетокот на годинава откако сведоци, како поранешниот раководител на изборниот штаб на Трамп, Стив Бенон и Рик Гејтс, поранешен заменик во предизборната кампања на идниот претседател, посочија дека Стоун поседувал информација за тоа дека Викиликс може да објави документи украдени од руски хакери од серверите на Демократскиот национален комитет.

Информацијата беше објавена и нанесе удар по угледот на противкандидатката на Трамп, Хилари Клинтон.

Обвинителството го товари Стоун затоа што во тек на распит во Претставничкиот дом лажел под заклетва пет пати за улогата на Викиликс и за неговиот основач Џулијан Асанж. Тој беше последниот обвинет во истрагата на специјалноит обвинител Роберт Малер за вмешаноста на Русија во претседателскиет избори на САД во 2016 година.

По информацијата за одлуката на судот, претседателот Трамп на Твитер се обрати со соопштение.

-Ова е селективна правда. Зошто не бидат истражени Џејмс Коми и Роберт Малер, напиша тој.

Пресудата за Стоун ќе биде изречена во јануари 2020 година

Поврзани новости