Стотици луѓе се евакуирани поради шумски пожари во Германија

by Fokus

Од вчера евакуирани се стотици луѓе во источна Германија поради бројните шумски пожари. Околу 700 луѓе беа евакуирани од неколку јужни општини во провинцијата Бранденбург.

Причината е шумски пожар, кој веќе се прошири на површина од 850 хектари, соопштија властите на округот Елба-Естер.

„Засега не е можно да се предвиди кога пожарот ќе биде ставен под контрола“, се вели во соопштението.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси триста и педесет лица. Во напорите за сузбивање се вклучени и воени хеликоптери. Причините за пожарот не се познати.

Поврзани новости