Арсовска: Новото Скопје се темели на нови модерни ветришта!

by Fokus

Верувам дека темелите на новото Скопје беа темели на солидарност и соживот, а новото Скопје се темели на пријателство и нови модерни ветришта, порача вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на отворањето на изложбата насловена „За Скопје со срце од целиот свет“ во Младинскиот културен центар – МКЦ во рамки на одбележувањето на 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

– Денеска се сеќаваме на катастрофалниот земјоторес, кој токму на овој ден го спомнуваме и сакаме да го посветиме на над 1000 загинати и над 1000 повредени наши сограѓани кои беа жртви, а беше причинета и голема материјална штета како резултат од големиот земјотрес, рече Арсовска.

Поврзани новости