Стопирани проектите за ски центар на Водно и жичница на Попова Шапка

by fokus

Се прекинува со реализација на проектите за изградба на ски центар на Водно и жичница на Попова Шапка. На вчерашната седница Владата му наложила на Акционерското друштво ЕЛЕМ да не почнува нови инвестиции и проекти надвор од основната дејност. Таков е и проектот со автокампот Ливадиште во Струга, кој требаше да го обнови ЕЛЕМ .

–Сите тие прекинуваат, а во однос на проектите за кои веќе се почнати некакви активности, ЕЛЕМ треба да изработи анализа за склучените договори, за тоа дали и како некои проекти за кои е почната реализација може да се прекинат, односно да се раскинат договорите – изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Поврзани новости