Стопанската комора на северо-западна Македонија преку хибридна презентација ќе го претстави јубилејното 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании

by fokus

Утре во 11:00 часот, во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, Стопанската комора на северо-западна Македонија ќе го реализира јубилејното 10-то издание „ТОП 100“ за промоција на најуспешните 100 компании.

Покрај промоцијата на каталогот на најмоќните 100 компании, ќе бидат доделени неколку награди на компании со посебно достигнување во одредената област, како и придонес и влијание на економијата на државата.

Наградите ќе бидат врачени од страна на претставници на Комората, како и од претставници од Владата на Северна Македонија.

Со цел почитување на сите мерки и препораки, за заштита од корона вирусот, Стопанската комора на северо-западна Македонија, хибридно ќе го презентира „ТОП 100“ каталогот, односно преку преносот во живо на три посебни YouTube канали, со што од страна на Стопанската комора на северо-западна Македонија е овозможен пренос на настанот на македонски, албански и англиски јазик.

На следниот линк можете да ја следите манифестацијата на албански јазик:

На следниот линк можете да ја следите манифестацијата на македонски јазик:

Поврзани новости