Членството на Северна Македонија во НАТО е важно и за самата земја, но и за Грција и целиот регион, бидејќи е чекор кон обезбедување стабилност и соработка во регионот, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката телевизија „One channel“ и додава дека знае дека договорот меѓу двете земји е контроверзно и чувствително прашање, jави дописничката на МИА од Атина.
– Знам дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија е контроверзно и чувствително прашање и за двете земји и за Грција и за Северна Македонија, но го поздравувам договорот, бидејќи мислам дека беше исклучително важно да се реши проблемот што постоеше толку години, проблемот со името. Договорот сега создаде услови за Северна Македонија да стане членка на НАТО и е во тек процесот за тоа, потпишан е протоколот за пристапување и наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО. Мислам дека ова е важно за Северна Македонија, важно е за Грција, важно е за целиот регион, затоа што е уште еден чекор за да се гарантира дека ова е регион во која имаме соработка и стабилност, што е од особено важно за економскиот просперитет на оваа област, рече Столтенберг.