480
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави вчерашниот напад врз Полска најверојатно бил од воздушната одбрана на Украина.
„Инцидентот најверојатно бил предизвикан од украинска ракета за противвоздушна одбрана лансирана за одбрана на украинската територија од руски ракетни напади. Но, да бидам јасен. Овде не е виновна Украина. Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина. Немаме индикации дека ова е резултат на намерен напад и немаме индикации дека Русија подготвува офанзивни воени акции против НАТО“, рече Столтенберг.