Кој и да го прави тоа, ги вознемирува учениците и родителите, вели Спасовски за лажните дојави за бомби

by Fokus

Стојам на ставот дека дојавите за поставени бомби во училиштата претставува хибриден напад врз државата и дека тоа е монструозен чин, заради тоа што без разлика кој и да го прави, со тоа ги вознемирува и учениците и нивните родители и наставниот кадар и целата држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Институциите максимално се посветени во овој дел. Јас очекувам за многу кратко време да имаме реализација во откривање на еден од сторителите, нагласи Спасовски, зборувајќи за лажните пријави за бомби во училиштата.

Поврзани новости