691
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска бил во Турција на средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопштија од кабинетот на турскиот претседател.
Состанокот бил од затворен тип и траел околу еден час. По завршувањето на средбата немаше соопштенија за тоа што било разговарано.
Претходно, Столтенберг одржа состанок со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и со министерот за национална безбедност, Нуретин Чаникли, а меѓу главните теми на разговор биле подготовките за претстојниот самит на НАТО во Брисел што ќе се одржи на 11 и 12 јуни.