Могерини: Во интерес на ЕУ е соработка со Западен Балкан

by fokus 20:41
20:41

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени денеска дека во интерес на Унијата и земјите членки е соработка со Западен Балкан.

Могерини наведе дека министрите за надворешни работи на 28 земји членки на ЕУ на денешниов состанок во Луксенбург имале опширна дискусија за односите со Западен Балкан.

- Advertisements -

– Го повторивме нашиот јасен ангажман и поддршка за цел регион, за нашите шест партнери и за перспективата на проширувањето, изјави Могерини.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, која претседава со Советот на министри за надворешни работи, нагласи дека министрите дале јасна поддршка на Стратегијата, која ЕК ја објави во февруари.

Стратегијата ја претставува кредибилната перспектива на проширување на ЕУ на Западен Балкан, наведувајќи дека Србија и Црна Гора се лидери во евроинтеграцискиот процес, со можноста во 2025 година да добија членство во ЕУ.

– Јасна е поддршката за продолжување со работа со Западен Балкан. Во интерес на ЕУ и нејзините членки е да се зголеми соработката со регионот и да дадат уште посилен кредибилитет на пристапување на регионот кон ЕУ, заклучи Могерини.

Поврзани новости