Столтенберг: Повелбата за НАТО ќе се применува за Македонија без оглед на Законот за одбрана

by Фокус

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Македонија ќе биде обврзана да го почитува членот 5 од Повелбата за НАТО, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност овој член, кој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

-Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија ќе стане полноправна членка. Ние го потпишавме Пристапниот протокол и штом сите НАТО-сојузници ќе го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз Северна Македонија, а членот пет ќе биде обврска – изјави Столтенберг.

Новиот закон за одбрана, со кој се зголемува усогласеноста на Северна Македонија со НАТО-стандардите, не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство, бидејќи опозицијата го спори фактот што во новиот закон се користи уставното име на земјата Северна Македонија.

Поврзани новости