540
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема да го брани Израел во случај да биде нападнат од Иран.
Во коментар објавен денеска во германскиот весник „Шпигел”, Столтенберг вели дека Израел е партнер на НАТО, но не е членка на Алијансата и дека „безбедносните гаранции” на НАТО не се однесуваат на Израел.
Столтенберг, исто така, рече дека НАТО не учествува во мировните напори на Блискиот Исток или во конфликтите во регионот.