Столтенберг ги осуди апсењата на опозициски активисти во Белорусија

by Фокус

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги осуди, како што рече, затворањата и грабнувањата на опозициските активисти во Белорусија.

Во текот на теклефонските разговори со министрите за надворешни работи на белоруските соседни земји, Латвија, Полска и Естонија, генералниот секретар на Алијанsата „изрази сериозна загриженост поради произволните затворања и гранбуваа на опозициските активисти. Според него, тоа е неприфатливо кршење на меѓународните норми.

Столтенберг повторил дека поради белоруските тврдења дека НАТО трупа единици на границите Алијансата „останува во готовност, стриктно дефанзивна и подготвена да одврати секаква агресија.

Поврзани новости