Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.
Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски.
Столтенберг попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132-та седница, по што ќе биде примен од Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.
Утре во Скопје ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.
Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, ќе ги пречекаат албанскиот премиер Еди Рама, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и српскиот премиер Роберт Голоб.
Денеска Столтенберг престојува во Србија, од каде попаладне ќе допатува во Скопје, како последна етапа од неговата турнеја низ земјите од Западниот Балкан.
Од МВР информираат дека денеска и утре, поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации, ќе има посебен сообраќаен режим на поширокото градско подрачје во Скопје.
За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.