Столтенберг: Авионот го нарушил турскиот воздушен простор, потребна е смиреност

by Фокус

Првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, ги потврди наодите на Турција дека соборениот руски авион го нарушил нејзиниот воздушен простор, но повика на смиреност. Побара мирен процес на решавање на проблемот и повика на дипломатски разговори помеѓу Русија и Турција.

-Она што го бараме во моментов е смиреност и да нема ескалација.  Дипломатијата е многу важна за изнаоѓање на решение, но меѓународната заедница мора да избегнува несреќи кои можат да излезат надвор од контрола, рече Столтенберг.

Рускиот претседател Владимир Путин пак, рече дека авионот не го нарушил турскиот воздужен простор, а Турција и забила нож во грб на Русија, за што ќе има сериозни последици.

-Нашата војска храбро се бори со тероризмот…но денешната трагедија е нож во грб, спроведено од соучесници на терористите. Не можам поинаку да го опишам ова. Нашиот авион беше соборен на територија на Сирија од страна на Турција. Тој падна на територија на Сирија, 4 километри од Турција, изјави Путин.

Поврзани новости