Основното јавно обивнителство експресно, за помалку од 48 часа, му поднесе кривична пријава на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, откако завчера беше потпишано решението за уривање на дивоградбата на претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски, реагираат од општина Центар.
-Пријавата е изготвена на 2.11.2016 година, во истиот ден кога се уриваше дивогрдбата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. За да биде иронијата поголема, се разботи за случај од 2011 година, кој тогашниот градоначалник на општина Центар, Валдимир Тодоровиќ, го одбил како неоснован и со тоа постапката прекинала. Ова се случило непосредно пред доаѓањето на Жерновски на позицијата градоначалник во 2013 година. После повеќе од три години и за целосно правно неоснован предмет, обивнителството олучува да поднесе кривична пријава. Дека станува збор за политички мотивиран процес, говори податокот дека тужител во овој предмет е братучед на градоначалник од соседна скопска општина, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, се вели во реакцијата на општина Центар.
За Жерновски и општина Центар, овој предмет е повеќе од чист и не постои никаков основ за кривично гонење, а целта е конечно предметот да стигне во Основен суд Скопје 1, односно во рацете на Владимир Панчевски.