Стојне ќе прави фолк хит од изјавата на Димовски: Илија, следи ме до планинскиот врв!

by fokus
 Неодамнешната изјава на членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, дека бил следен уште во времето кога имал само шеснаесет години, поради неговиот македонски екстремизам, ќе донесе нов естраден хит на нашата фолк сцена. Младата фолк пејачка Стојне Николова, инспирирана од неговата изјава, решила да сними нова песна со наслов ,,Следи ме“ а како главен протагонист во спотот планирала да го покани лично младиот велешанец Димовски.

thumbnail_ilija-dimovski2

Илија Димовски е згоден дечко, сакам да ми гостува во спот!

,,Не следам многу политика, но изјавата за следењето на Илија ми влезе во око. Веста беше објавена во многу портали, се коментираше на социјалните мрежи за неа, па некако спонтано ми дојде идеја да снимам песна во која што ќе го вметнам следењето како главна тема. Секако дека ќе биде љубовна песна, оти најчесто ги следиме и сакаме да не следат тие кои што ги сакаме и сме на некој начин опседнати со нив. Знам, дека Димовски е згоден дечко, планинар, па кога ќе биде готова песната, ќе го поканам да ми гостува во спот. Како за промена, наместо во студио, може да снимаме на некоја од нашите преубави планини, се надевам дека тој ќе прифати, и не само што ќе биде главен лик во спотот, туку и ќе ми биде водич, оти е искусен планинар и ги познава нашите планини и врвови.

Веќе разговарав со мојот продуцентски тим, и тие сметаат дека насловот ,,Следи ме“ е одличен за нова песна, па набргу ќе биде готов и текстот. Не знам дали досега некој од нашите политичари се има појавено во музички спот, но мислам дека идејата е одлична, да ги види народот и во друго светло, не само во вратоврски и на говорници“ – раскажува струмичанката, која што минатата година се пресели во Скопје.

thumbnail_stojne-nikolova8

„Следи ме“ ќе стане голем хит

Стојне и стана позната на јавноста пред околу пет години, кога започна со настапи и пред својот осумнаесетти роденден го сними првиот албум со обработки на стари македонски песни, но и со неколку авторски нумери. Веќе има десетици нумери и спотови зад себе и редовно настапува во земјава, но и кај нашата дијаспора.

Во изминативе години имаше турнеји во Австралија, Канада и во повеќе европски земји.

,,Спотот за најновата песна ,,Ајде Македонијо“ веќе ми е снимен и наскоро ќе се промовира, датумот на промоцијата зависи од забраната на ЗАМП, односно кога таа ќе биде официјално укината. Со мојата матична продукција ,,Мојсо“, работиме и на новиот албум, долго време минувам во студио, па затоа снимањето на спот на планина ми изгледа како нешто кое што добро би ми дошло. Искрено се надевам дека Илија ќе се воодушеви од мојот предлог, а песната инспирирана од неговата изјава ќе стане голем хит“ – изјави за ,,Фокус“ Николова.

На почетокот на годинава, Стојне го промовираше спотот за песната ,,Опиум“, за кој што доби субвенции од Министерството за култура.

Вики Клинчарова
thumbnail_stojne-nikolova7

Поврзани новости