Стојков за Фокус: Културниот клуб да придонесе за изградба на пријателство

by fokus

Задоволни сме како помина отворањето на културниот клуб „Никола Вапцаров“, иако имаше одредени провокации, вели за „Фокус“, Стојко Стојков, претседател на ОМО Илинден.

-Како што може да видите, претставници на ВМРО-БНД направија глупава изложба, имаше скандирања, но генерално помина добро и како што порачаа од клубот, очекувам тој да придонесе во градење на пријателство, рече Стојков за „Фокус“.

Тој посочи дека дел од буквите на културниот клуб биле тргнати и апелираше сите да се воздржат од вакви активности.

В.С.

Поврзани новости