вајцата мажи приведени од страна на бугарската полиција поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата вечерта, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“, додека двете жени лишени од слобода заедно со нив се нивни сопруги, објави 24часа.бг.
Во изјава за порталот, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, додека тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само согласно Кодексот за работни односи.
– Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам оние кои се вработени во Општина Благоевград, со истата казна сo која што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и другите функционери во Република Северна Македонија, што предизвика ментално и физичко насилство врз многу Бугари, изјави Стојанов.
Тој нагласи дека веднаш ќе ги отпушти од работа двајцата вработени во комуналното претпријатие, во „моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои малтретираа бугарски граѓани“.
Како што јавија бугарските медиуми, полицијата во Благоевград вчера приведе четири лица, двајца мажи и две жени, во врска со вандалскиот чин врз Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.
Според медиумите, приведените, кои се на возраст од околу 40 години и кои немаат претходно криминално досие, го признале делото за кое се товарат.
Стаклото на излогот на Македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари.