(Видео) Спасено двегодишно дете – поминало 44 часа под урнатините

by fokus

По разорниот земјотрес што се случи на границата на Турција и Сирија, во кој според последните проценки загинаа над 9.400 луѓе, од овие две земји доаѓаат болни и потресни сцени на спасување на преживеани.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

Социјалните мрежи се преплавени со болни сцени на луѓе погодени од катастрофата.

На мрежите се шират многу сцени на успешни спасувања, па објавено е и видео од малото момче (2) по име Мухамет, кое поминало 44 часа под урнатините.

На видеото може да се види како спасувачите му даваат вода на исцрпеното момче од капаче за шише за време на спасувањето.

Како што се наведува во објавата на Твитер, станува збор за момче од Сирија кое во тој момент било во Турција.

Поврзани новости