388
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски некултурна и нецивилизирана ја нарече изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека кога беше објавен францускиот предлог лани, за неговата ќерка се правеле недолични видеа на Тик-ток.
-Изјавата дека некој ви нарачувал видеа за социјалната мрежа ТикТок во јули 2022 година е толку нецивилизирана и некултурна што навистина е дно да се коментира. Човекот што го набедувате дека ги нарачал тие снимања треба Ковачевски да го праша Олвиер Спасовски зошто под посебна оперативна кампања полицијата и единицата ‘Алфи’ го набљудувало неговото семејство и неговите малолетни деца, а потоа да разговарате за тоа кој нарачувал и кој конструирал видеа на ТикТок за нечии малолетни деца, рече Стојаноски.