437
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од собраниската говорница упати критики кон предлогот за нов заменик-министер да биде Арменд Арслани, специјалист по урологија.
„Земениците минситри се менуваат, само Филипче стои. Оставката на Асим Муса беше поздравена од неговите сопартијци. Сведоци бевме како Асим Муса присуствуваше на настан во Струга заедно со Филипче. Ова е уште еден обид на владата да ги дефокусира граѓаните од реалните проблеми. Во секој европска држава, во ваква ситуација, министерот треба треба да си поднесе оставка или треба да биде разрешен од премиерот. Министерот кој е одговорен, останува на позицијата и продолжува со криминалното владеење. Здравството ни умира“, порача Стојаноска.