Шеста година по ред започнуваме со истата мантра, истите ветувања, истите луѓе. А исти се, дури и надградени, четирите кризи, но и задолжувањата и криминалите. Сега истите луѓе ќе ги гласаат истите политики, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница за избор на нова влада.
Според неа, мандатарот, Димитар Ковачевски иако многупати јавно изјавил дека тој не е политичар, туку експерт, само по неколку месеци станал претседател на политичка партија и мандатар.
-Еден универзитетски професор, да и се поклони на главата на мафијата во државава, да му се поклони на еден човек кој бегал од часови на училиште и едвај завршил факултет, еден ваков универзитетски професор може да биде само еден лош пример и срам за сите останати негови колеги, рече Стојаноска.
За предложените имиња во новата влада таа истакна дека се доказ дека СДСМ навистина нема избор и иднина во која треба да се верува и на која треба да и се даде шанса, по кој знае кој пат.
-Заев во ликот и делото на Ковачевски нема да трае долго, но долго ќе траат последиците од нивните шанси, едно е да ја украдете шансата а сосема друго е да ја заслужите. Оваа украдена шанса скапо ќе ве чини на следните избори, кај и да е ќе ве стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема, заклучи Стојаноска.
Снежана Калеска Ванчева од редовите на СДСМ и порака дека дека нејзиното излагање е малициозно и дека со таков говор на омраза тешко ќе дојдат на власт.