Стојаноска: Надлежните да постапат околу провизиите за кинеските вакцини

by Фокус

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска побара институциите да постапат откако нејзината партија денеска обелодени документи кои, според неа, покажуваат дека имало провизии за набавка на кинеските вакцини.

-Месечно имаме околу 100 починати, жртви или бројка на починати која е многу поголема можеби од состојба на војна, министерот за здравство би го нарекла како воен профитер за овој криминал за кој претседателот Мицкоски извади документи, каде се посочува дека се уплатени тие 7,8 милиони евра – рече Стојаноска на Канал 5.

Таа посочи дека премиерот Зоран Заев и во случајот со набавка на софтвер од Драги Рашковски тврдел дека нема криминал, но, како што истакна, тоа е обид за прикривање на криминал или вмешаност за криминал.

Поврзани новости