534
Лидерите на Достоинство и Обединети за Македонија, Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски, присуствуваат на денешниот митинг на коалицијата предводена од СДСМ во Кавадарци.
Тие го поддржуваат кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кавадарцу Бетин Китев, кој ќе му се спротивстави на Митко Јанчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ангелов и Бошкоски беа дел од коалицијата ВМРО за Македонија, која практично се растури, бидејќи Достоинство и ОМ одлучија да настапат заеднички со СДСМ, додека НП им остави на ограноците сами да одлучат како ќе настапат во секоја општина одделно.