520
Демонстрантите во моментов се пред Владата и од сите страни се опколени со полициски кордони. Има и водени топови и хермелини. На припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) им се обрати претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Ангелов ги праша дали сите се припадници на оваа единица во рамки на МВР. Сега за сега, нема судири меѓу полицијата и демонстрантите.