Стојан Андов за Јордан Мијалков: Еднаш КОС-овец, засекогаш КОС-овец!

by Фокус

Јордан Мијалков, министер за внатрешни работи во првата македонска влада, кој е вујко не лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, бил соработник на југословенската воена контраразузнавачка служба, пишува првиот претседател на македонското собрание Стојан Андов во книгата насловена „Драматичната 1991 година“.

Во книгата, тој раскажува дека во времето кога на јавна расправа требало да биде ставен Нацрт-уставот, што временски коиндицира со запленување на евиднецијата од општинските одделенија на народната одбрана, со цел ЈНА да не регрутира македонски војници за хрватгскиот фронт, во неговиот кабинет една вечер дошол Мијалков во друштво на тогашниот премиер Никола Кљусев.

По еден незгоден разговор, се потсетува Андов, Мијалков му вперил пушка со закана дека ќе го уапси, додека Кљусев извесно време молчел за на крајот да побара неговиот другар од детството по штипска линија да го повлече оружјето.

Понатаму, Андов пишува дека подоцна дознал оти Мијалков со апсење им се заканувал и на пратениците Туше Гошев и Јован Андонов, додека со Абдурахман Алити од првата албанска партија – ПДП разговорал со револвер на масата.

Дополнително, Андов пишува дека Мијалков спроведувал проект за да се оневозможи Македонија да стане независна држава, кој, според него, не бил е домороден.

Размислувајќи, тој заклучил дека во времето кога нагло се заостри ситуацијата во Хрвватска, првиот министер за внатрешни работи во неговата семејна куќа во Штип се сретнал со тогашниот сојузен министер за внатрешни работи, генералот Петар Грачанин.

Воедно, тој дознал дека паралелно бил оддржан и посебен состанок од доверлива природа на српски разузнавачи, меѓу кои бил и Јовица Станишиќ, во тоа време човек од доверба и фаворит на Слободан Милошевиќ, средба за која дури отпосле разбрал и тогашниот претседател Киро Глигоров.

Пред неколку години, во неделникот Република прочитав за некој важен момент кога двајца поранешни колеги, еден бивш соработник на КОС, а друг бивш началник на сите воени тајни служби во Белград – Јордан Мијалков и Петар Грачанин, се сретнале и разговарале. Тогаш ми се поврза сликата што и за кого во Македонија работел Мијалков. Моите сомневања беа силни поради фактот дека КОС-овец не може да биде бивш, дека еднаш КОС-овец значи засекогаш КОС-овец“, пишува Андов.

Поврзани новости