Ванхојте за „Вистиномер“: Груевски рече 18 месеци за СЈО, Заев прифати

by fokus

Странците предлагале да нема рок, СДСМ предлагал рок од околу 2 години, а Груевски 18 месеци, по што Груевски и Заев се договориле да останат само 18 месеци за истраги и обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Ова за „Вистиномер“ го сведочи тогашниот посредник во преговорите за излез од политичката криза Питер Ванхојте, со кого контактирале во обид да ги расчистат дилемите во јавноста како тој рок се нашол во Законот. Партиите, пак, иако беа прашани од агенцијата МЕТА на двапати, не одговорија на прашањата во оваа насока.

-Околу прашањето за рокот од пет години, како што стоеше во драфтот,  СДСМ пристигна со предлог за пократок рок, дека нешто околу 2 години минимум би биле доволни. Одеднаш, Груевски предложи 18 месеци. По малку дискуија меѓу него и Заев, и покрај моите остри забелешки дека тој рок е прекраток, тие постигнаа согласност. Всушност за ова прашање немаше преговори меѓу нив двајцата. Груевски рече 18 месеци, Заев прифати, изјави Ванхојте за „Вистиномер“.

Поврзани новости