494
По некоја политичка одлука, голем дел од политичарите се изјаснуваат со свој став, дали преку прес-конференции, дали преку социјалните медиуми.
Во последно време, дел и од нашите спортисти се изјаснуваат за одредени политички ставови. А прилично беше бурен коментарот и на македонскиот ракометар Стојанче Стоилов во врска со излгасувањето на уставните измени.
„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!
Срам да ни е на сите….
За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!“, напиша Стоилов на својот профил на Фејсбук.
Фото – Бета /АП