Јувентус останува без важен напаѓач еден месец

by Fokus

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ може да пропушти еден месец поради проблеми со колкот, објави „Скај Спорт Италија“.

Хрватот се повреди за време на тренингот во четвртокот. Тренерот Масимилијано Алегри, изјави дека прогнозите на лекарите во врска со периодот за закрепнување на играчот не се многу добри.

Така, Манџукиќ може да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико закажан за 19 февруари во Мадрид.

Во тековната сезона хрватскиот репрезентативец во дресот на Јувентус играше на 21 натпревар, постигна девет погодоци и оствари четири асистенции.

Поврзани новости