Зетот за сестра на секретарот на Градот Скопје добил пет јавни набавки од Градот од 10 милиони денари, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Секретар на градот Скопје е Викторија Аврамовска Мадиќ; партиски кадар на СДСМ. Чест добитник на јавните набавки и тендерите на град Скопје каде се вртат милионски суми во денари е компанијата Армор Плус. Тоа е оваа компанија за набавка на заштитна противпожарна опрема, како што пишува со седиште на Булевар „Трета Македонска Бригада“ број 48. Армор Плус е компанија е во сопственост на лицето Димитар Петрески. Тој пак е сопруг на сестрата на Викторија Аврамовска Мадиќ, секретар на градот Скопје. Значи градот каде секретар е Мадиќ, распишува тендер или јавна набавка, а зетот Димитар Петрески, зетот на Викторија Мадиќ е добитник на тој бизниси. Секоја година компанијата Армор Плус добивала јавна набавки од градот раководен од Петре Шилегов. Па така фирмата на зетот на секретарот на Скопје во ноември лани, добила тендер за заштитни одела во износ од речиси 5 милиони денари. Ваква слична јавна набавка имало и еден месец порано во износ од 350 илјади денари. Во 2019-та година зетот од Град Скопје добива уште една јавна набавка од градот раководен од Шилегов во вредност од над 2 милиони денари. Ваква набавка истата фирма добила и во други два наврати во 2017-та година веднаш по стапувањето на Шилегов на оваа функција во вредност од над 2 милиони денари. Значи градот Скопје воден од Петре Шилегов во околу 5 наврати исплатил 10 млиони денари на компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје. Очигледно на повидок е нов случај а-ла „Драги Рашковски“ овој пат во градот Скопје, раководен Петре Шилегов, обвини Стоилковски.
Стоилковски праша како токму компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје е добитник на 5 јавни набавки во вредност од 10 милиони денари.