Во ковид центрите низ земјава се лекуваат над 1.600 пациенти, има 330 слободни кревети

by fokus

Во инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава вкупно се на лекување 1.688 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а има околу 330 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 986 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 148, во болницата во Штип 89, на инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 99 пациенти. Во ковид центарот во Охрид лежат 100 заболени, во Прилеп 114, во Гостивар 44, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица се примени на лекување 95 пациенти, во Кочани 36, во Кичево 35, во Кавадарци 56, а во Гевгелија 24 лица.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени 42 нови пациента, а вкупно 702 лица се лекуваат на инфективните оддели. На Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ГОБ „8 Септември“ се примени 10 пациенти, а 7 на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 2 нови болни, 6 пациенти на Клиниката за Детски болести, а на Институтот за физикална медицина има нови 6 заболени.

Дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 292 лица, во ГОБ „8 Септември“ 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти. Во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, на Клиниката за детски болести 11 деца се позитивни на ковид-19, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација лежат 62 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места.

Поврзани новости