Стоилковски: Заев призна дека нарачал ДУП каде рускиот играч Дака ќе гради 27 згради

by Фокус

Зоран Заев во февруари издејствувал согласност од Владата за Детален урбанистички план, Зоран Зaев е „aлфа и oмега“ во мега аферата „ШИК Јелак-Тетово“, изјави на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев вчера јавно призна дека стои зад сиот скандал со „ШИК Јелак“ во Тетово. Зоран Заев останува недопирлив за овој корумпиран правен систем којшто сам го воспостави во Македонија. Ова е скандал со кој што на контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, Миодраг Давидовиќ -Дака, со пари од офшор фирма од Панама, добива огромен градежен имот во Тетово. Според ДУП-от предвидени се дури 27 станбени згради високи до седум ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна. Можеби тоа е тој Трговски центар на кој што од Дака, од него е барано како што раскажува да има бензинска пумпа на влезот? – вели Стоилковски.

Тој бара ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага.

Поврзани новости