Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес конференција истакна дека одлуката на обвинителството да не покрене постапка по објавените снимки за Ден Дончев, е срам за правосудниот систем.
„Зоран Заев преку обвинителството в скут, го амнестираше Ден Дончев!
Одлуката на ЈО да не поведе постапка по видеото на кое Ден Дончев, Директорот на најбогатиот ФОНД во Република Македонија, човек вплеткан во процес за „Рекет“, видео во кое Ден Дончев зема снопче пари и го става во чанта – Е СРАМ за сиот правосуден систем во Република Македонија!
Ова е срамна одлука, срамна изјава дадена од ЈО, ова е срам за секој обвинител во Република Македонија!
Одлуката на Љубомир Јовески и Вилма Русковска е одлука на Заев за да го спаси својот Ден Дончев, веројатно само затоа што Ден Дончев знае многу повеќе и можеби ќе му го загрози сиот рекетарски октопод на Зоран Заев сега при кампања!
Оваа амнестија за Ден Дончев следи по амнестијата на Зоран Заев за „Поткуп“, неговото криење за „Рекет“, следи по амнестијата за Рашковски, следи по амнестиите на Венко Филипче.
Ова не е Јавно Обвинителство, ова е марионета на Заев, за исполнување нарачки! Јавното прислушувано обвинителство не ја исполнува својата должност, не ја исполнува својата основна функција, да го брани јавниот интерес и да постапува по предмети. Јовески и Русковска, како марионети на Заев го претворија ЈО во ФИОКА за застарување и воопшто не отворање на предмети со јасна поврзаност со Заев и неговата забегана банда! За Заев и неговата банда, не се вештачат телефони, барањето мито е донација, видеото за ставање пари во чанта не е доказ!
Јовески и Русковска не се ненадлежни, ти се надлежни, но со непостапување до сега повеќе пати направиле злоупотреба на службената положба и овластување!
Ден Дончев е амнестиран, помилуван, за снимка каде става пари во чанта, за него нема потреба да се отвора предмет. Тој е близок на Заев, а Заев се фали дека судството му е во пупка, нели без Заев не може!
Цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет!
Цел свет го виде Заев како бара пари во Струмица, ама Русковска и Јовески го ослободија!
Сега цел свет го гледа Заев како го амнестира Ден Дончев, а Русковска и Јовески исполнуваат!
Цел свет го слушна исказот во судот парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, ама Јовески и Русковска не смеат да вештачат телефони!
Каков срам за сето правосудство во Република Македонија! „Луј Витон“ и „Трас Трас“!
Цел свет гледа и слуша како се рекетираат и како за рекет се злоупотребуваат институции полиција, финансиско разузнавање, како муртинската врска е најсилниот рекетарски момент, ама Русковска и Јовески не гледаат случај!
Русковска и Јовески се исполнители и марионети на рекетарското СДСМ, тие се марионети во рацете на криминалот и корупцијата. СДСМ и Заев покажаа дека единствено што можат повеќе – е повеќе криминал, повеќе корупција и повеќе порази и девастации во Република Македонија“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.