Шпреса Абази, снаа на шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, која била вработена во Министерството за политички систем на Артан Груби, експресно преминала со работа во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), реагираа денеска на прес-конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Кај Груби, Шпреса Абази била вработена како помлад соработник, а во АЕК е како советник за одговор на компјутерски инциденти.
Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, ЈО за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство.
“Ова е документот, од 04.04.2022, одлуката потпишана од Артан Груби, за вработување, каде што на третата страница е името на снаата на Ислам Абази.
Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како советник за одговор на компјутерски инциденти! Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али Ахмети“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.