Стоилковски: Павле Трајанов си вработил роднини во „Градски паркинг“

by Фокус

ЈП Градски паркинг со години било оставено како штаб на сателитот на СДСМ – Демократски сојуз на Павле Трајанов, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Раководител на внатрешна контрола- роднина на Павле Трајанов- Даниел Ефтимов. Стручен Соработник за планирање, Ѓорѓи, братот на Даниел воедно роднина на Трајанов. Славчо Јованов, помлад референт, роднина на Павле Трајанов. Петар Василов, кумашин на Павле Трајанов. Филип Антовски, близок соработник на Павле Трајанов. И секако Славче Јовановски уште едно име од списокот за повластени неплаќачи на паркинг, односно луѓе кои што овозможувале функционери од власта да паркираат – рече Стоилковски.

Тој додаде дека ДС Градски паркинг го претворил во своевиден партиски штаб, со привилегии за телефони, службени возила, трговија со влијание.

Поврзани новости