Андреа дел од гостите во Романија, Украинката Јамала ги трогна сите со потресното обраќање

by fokus

Нашата евровизиска претставничка Андреа гостуваше во Романија, каде викендов се избираше тамошниот претставник за популарната музичка манифестација.
Во шоу програма со десет финалисти Романската национална телевизија ТВР го избра претставникот WRS со песната „Llamame“ да ја претставува нивната земја на Евровизија 2022 во Италија.

Како гости во ревијалната програма покрај Андреа, настапија повеќе евровизиски претставници од други земји.

Владана од Црна Гора, Стефан од Естонија, Ронела од Албанија, ИМП од Бугарија беа дел од гостите. Најмногу внимание привлече Јамаја, украинската пејачка која победи на Евровизија 2016 со песната ,,1944”.

Таа минатата недела на социјалните мрежи објави детали од нејзиното патување со двата сина, кога поради воениот напад врз Киев морала да ја напушти земјата.
Раскажа дека возеле четири дена до граница поради долгите колони со возила, а со себе не понеле ниту храна, бидејќи заминале брзајќи и во паника.

Пред камерите на Романската телевизија раскажа дека таа мора да стори нешто за да и помогне на својата земја. Емотивно зборуваше за нејзиниот сопруг, пријателите и соработниците, кои останале во Киев и се наоѓале во засолниште.

-Јас не побегнав, заминав за да ги заштитам моите синови, и со цел да и помогнам на мојата земја. Ако можам да помогнам зборувајќи, ќе зборувам, ако треба да пеам, ќе пеам, ќе собирам помош – изјави таа во своето искрено обраќање кое ги трогна присутните.

Поврзани новости