Стоилковски: Нема да навлегувам во уставни толкувања, бараме Заев да го прифати нашиот предлог за министер

by fokus

Портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарски прашања, рече дека партијата останува на предлогот за техничкиот министер да биде предложениот полковник од АРМ, бидејќи е професионалец, а вакви преседани, како што кажале неколку експерти, веќе биле направени.

-Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во МВР, вели Стоилковски.

Тој се повика на неколку професори кои рекоа дека вакви пресадни биле направени и претходно, и додаде дека не треба да се кочи овој предлог, особено што станува збор за технички министер.

Инаку, членот 97 од Уставот јасно кажува дека министер за внатрешни работи треба да биде цивилно лице, додека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не е цивилно лице.

Поврзани новости