Оваа власт само во премиерската фотелја има бизнисмен со јавен или сокриен удел во најмалку 12 семејни компании од производство на ајвар, па за транспорт, за ископ, полиња со марихуана. Сѐ додека има политичари кои истовремено се и јавни јавни функционери, постои можност, а и перцепција за злоупотреба на позицијата на моќ. Забележително е како на одредени компании дел до кланот на власт веднаш им тргна бизнисот, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите политичари кои вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од: Фарма медика, Тргопродукт, Мамас фуд, Омни градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара јавор, Тотал инженеринг, Сара инженеринг, Дравас инженеринг, Електро инженеринг.
Ова се само дел од компаниите во сопственост на кланот Заеви, а имајќи предвид имотниот лист и изјавите на Заев дека живеат во заедница со братот и родителите, неговото учество и удел во бизнисот додека е избран функционер е и повеќе од суштинско“, изјави Стоилковски.