Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска јавно праша зошто надлежните институции не реагираат и постапуваат во однос на обвинувањата дека семејството на Зоран Заев преку финансиското друштво во Струмица наплаќа енормно високи камати за позајмените средства.
-Постои можност, кланот на ЕДНО ЕВРО Заеви, преку познатата семејна менувачница, да наплатуваат лихва, со тоа што каматните побарувања од над 30 отсто годишно се далеку над законско пропишаните. Таквите односи ги става во подредена ситуација граѓаните на Струмица, каде до вчера долгогодишен градоначалник беше токму актуелниот премиер Зоран ЕДНО ЕВРО Заев. Ќе остават ли институциите финансиското друштво на кланот ЕДНО ЕВРО Заеви да биде над законот? – рече Стоилковски.
Тој додаде дека постојат најави за формирање на друштво на оштетени граѓани од, како што вели, кланот Заеви, на кои, според него, запленувани им се цели куќи за долг од 5.000 евра.
-Семејната менувачница е истата онаа која Зоран ЕДНО ЕВРО Заев ја споменува во легално обезбедениот видео материјал за случајот „Поткуп“ – цитирам „кај Вицето, во готово, во менувачницата“ – каде Зоран ЕДНО ЕВРО Заев го подучува дека и овој бизнисмен, како и другите, со воспоставена практика, за легализација на државното земјиште треба да остави по едно евро за црквата од метар квадратен легализирано земјиште, а по едно евро директно за Заеви. За овој случај Зоран ЕДНО ЕВРО Заев беше ослободен од политички репресираното судство – додава портпаролот на ДПМНЕ.