Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вчера и постави 30 прашања на министерската за одбрана Радмила Шеќеринска, поврзани со состојбите до одбрана и армијата.
- Радмила, по колку рала чизми им ветивте, а не им обезбедивте на војниците?
- Зошто уште ги нема униформите, се инсистира ли на брендот Луј Витон?
- Дали само професионалци заминуваат во мисијата во Авганистан?
- Зошто и покрај укажувањата од НАТО го расформиравте полкот за специјални операции?
- Дали свесно со Аташето во САД го прекршивте Законот за одбрана и Законот за надворешни работи?
- Колку од набавките префрливте од лани за годинава и дали е пресметана и БИОГРАФИЈАТА „ВЕЧНО ОПАСНО ВТОРА“?
- До кога ќе се мешате во раководењето и командувањето и политички ќе унапредувате старешини?
- За колку го издавате просторот во Домот на АРМ и дали ги употребивте вештините за рентање дом од 5 илјади евра?
- Посетите на домот на Боки 13 беа посветени за кројот на униформите или за исхраната за војниците?
- Зошто се одлучивте за селективно пензионирање?
- Лично каква торба би избрале за транспорт на рекет Луј Витон или Версаче торба?
- Колку реално чинат Лобутин штикли на подарок и што треба да се стори за да се добијат?
- Зошто запре трансформацијата на АРМ?
- Колку автомобили ви продаде партискиот спонзор од Куманово, вкупно, не по одделни министерства?
- Ја задолживте ли гардата да го чува Орденот од Принцот на Црна Гора за Заев?
- До толку ли сте скарани со Кочо, па за инает му средувавте документи, да го збори народ?
- Зошто го прекинавте курсот за подофицери?
- По НАТО стандарди ли ја проширувате семејната викендичка од 300 квадратни метри?
- Наутро поздравувате Знаме на Аризона или на Македонија?
- Дали шефот на военото разузнавање има друга обврска освен следење на опозицијата?
- Кој е вашиот најголем неуспех во работата како министерка за одбрана?
- Во која касарна најмногу ги подобривте условите за работа?
- Дали ја остваривте вашата цел за праќање воени дипломати по партиска линија?
- Колкава е вашата одговорност за одбрана на Заев од „хибридните напади“ од пранкерите??
- Би се хранеле ли самата со тоа што на мени го имаат македонските војници во војничките ресторани?
- Подготвени ли сте за амбасадорка во Вашингтон?
- На кој стих од химната ви запира гласот, па не ја пеете по настани?
- Колку е важно ќерка да е родена во Скопје па за тоа и закон да се менува?
- Толку ли е демоде одење на ручек со службено возило па мора да се користи и армиски хеликоптер?
- Која марка и колку инчи е телевизорот во дневната на Боки 13?
Во текот на денешниот ден, пак, Шекеринска му возврати на Стоилковски со, како што вели, 30 вистински одговори на хаотичните прашања.
ДА, стануваме членка на НАТО.
ДА, ја подмладуваме Армијата со околу 600 млади војници.
ДА, на сите припадници на Армијата им обезбедивме 16% повисоки плати.
ДА, на воздухопловците, медицинскиот кадар и лесната пешадија обезбедивме дополнителни надоместоци.
ДА, обезбедивме и станарина од над 7000 денари месечно за СИТЕ.
ДА, за цивилните лица во Армијата законот предвиде дополнителни 10% покачување на плати.
ДА, за сите млади кандидати за офицери има плата.
ДА, има бенефициран стаж за сите во Армијата и можност за пензионирање по услови како за МВР.
ДА, има нови чизми за сите.
ДА, обезбедиме и спортска опрема и нови униформи за припадниците на Армијата.
ДА, има нови инжинериски машини по 16 години отсуство на набавка.
ДА, има опремување со оклопни возила.
ДА, се исплаќаат јубилејни награди за сите во МО и Армијата.
ДА, повторно се исплаќаат дневници на припадниците на Армијата.
ДА, има повисоки надоместоци за офицерите и војниците во мисија.
И… ДА, се ова можеше и ВМРО-ДПМНЕ да го направи. Но, не го направи – парите за друго ги трошеше.
Затоа, ДА – ќе продолжиме да работиме. Нив ќе им остане да бидат само плукачи.