Алијанса за Албанците ќе поддржи распуштање на Собранието

by fokus

Пратеникот Сурија Рушити од Алијансата на Албанците (АА) денеска изјави дека договорот на 12 април да има избори треба да се почитува и дека тие ќе поддржат распуштање на Парламентот без разлика на тоа кој ќе ја поднесе иницијативата.

-Ако продолжиме вака несериозно да се однесуваме со такви договори АА сериозно ќе ја разгледа можноста дали во иднина да улествува на вакви средби. Договорот на ваквата средба беше дека на 12 април треба да се одржат изборите и не гледаме никаква причина тоа да не се случи, рече Рушити.

Без разлика кој ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието, пратениците на Алијанса за Албанците ќе гласаат за неа.

Поврзани новости